(Видео) Венко Филипче ја крие компанијата која ја а-тестирала модуларната бoлницa, не открива никакви детали од документацијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство одби да одговори на прашањето на новинарот на Телма, Огнен Чанчаревиќ како е пуштена да работи модуларната болница кога техничкиот прием е направен на „голиот објект“, а потоа се вградени другите инсталации, електрични водоводни, довод на кислорот и не бил присутен службеник на Дирекцијата за заштита и спасување што е нужно по протоколите.

А не одговори ниту на прашањето колку запаливи материјали се вградени во модуларната болница со оглед на јавно достапните фотографии на кои се гледаат високозапаливи шпер плочи вградени во подот. Ниту пак која е акредитираната фирма која го правела а-тестот на болницата.

-Овие делови во однос на која е компанијата како биле примопредавни е дел од истрагата и јас не би сакал да изнесувам информации. Болницата е примопредадена од страна на министерството на болницата, целосно средена соогласно техничката документација без никакви недостатоци. Излезе една информација која упатува дека има недостатоци и тоа е нешто кое е укажано и официјално, а официјално е предадено откако тие недостатоци се поправени, а станува збор за минорни нешта како што е лајсна во ходниците или чистење на некои технички простории. За такви забелешки стануваше збор. Дозволете на сите овие конкретни прашања кои ги поставувате, тие сите ги имаме во документацијата, но би почекале институциите да кажат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This