April 25, 2024, 10:16 pm

(Видео) Весела математика: Каде исчезнаа 230 милиони евра од четвртиот пакет владина помош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

470 милиони евра помош за граѓаните и стопанството или реални 240 милиони. Денеска министерството за финансии не даде јасен одговор во кои проекти може да се најдат дополнителните 230 милиони евра предвидени за помош. Сите ставки кои се во план да се финансираат од државата со новиот пакет, а се објавени на владиниот сајт, а со тоа се официјални изнесуваат 240 милиони евра. Вчера пак премиерот Зоран Заев изјави дека на располагање се 470 милиони евра помош. На сајтот на Владата строи дека за поддршка на плати на работниците наменети се 70 милиони евра, над 27 милиони за платежни картички за граѓаните, нешто над 100 милиони евра за кредити за фирмите, 17 милиони за поврат на ДДВ, близу седум милиони помош за лозарите. Вкупно, 240,6 милиони евра.

70 МИЛИОНИ  ЕВРА ЗА ПЛАТИ

27,6 МИЛИОНИ  ЕВРА ЗА ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПОВОЛНИ КРЕДИТИ ЗА КОМПАНИИТЕ

2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

1,9 МИЛИОН ЕВРА ЗА ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ

1 МИЛИОН ЕВРА ЗА РЕСТОРАНИ ЗА СВАДБИ

2,5 МИЛИОНИ ЗА ИГРОТЕКИ

10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КРЕДИТИ ЗА КОМПАНИИ

80 ИЛЈАДИ ЕВРА ДАНОЧНИ ОЛЕСНУВАЊА

1 МИЛИОН ЕВРА ЗА РАЗВОЈНИ БИЗНИС ПЛАНОВИ

6,7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЛОЗАРИТЕ

17 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ВИКЕНД БЕЗ ДДВ

 

ВКУПНО 240,6 МИЛИОНИ ЕВРА

 

Од Министерството за финансии не ни одговорија за што дополнително ќе се трошат над двесте милиони евра кои се најавени, но ги нема во официјалните податоци за четвртиот сект мерки. Дополнително, од 160 милиони евра кои премиерот Заев ги најави дека ќе се обезбедат од буџетот, засега не се знае од која институција колку ќе се скрати со ребалансот. Наместо прецизна пресметка, штур одговор од Финансии.

„Средствата од оние позиции во буџетот, каде согласно динамиката нема да се искористат до крајот на годината, ќе се пренасочат кон новите мерки. Анализите се во тек во Министерството и штом биде доставен предлогот во Владата, соодветно ќе ја информираме јавноста“, наведуваат од Министерството за финансии.

По објавата на новите мерки бизнисмените и синфикатите се генерално задоволни. Од Стопанската комора велат дека прифетени се нивни барања за намалување на увозни давачки на компаниите и укинување или намалување  на парафискалните давачки.

„Во дел од мерките поддршката нема да се однесува само на краткорочни мерки за санирање на последиците од кризата, туку се предвидуваат и системски реформи кои би се однесувале на целото стопанство“, велат од Стопанската комора на Македонија.

Економистот Бранимир Јовановиќ пак, смета дека минимални се парите кои владата ги предвидела за ранливите категории граѓани. Јовановиќ се сомнева дека најмногу пари повторно ќе добијат оние стопанственици кои најмногу остваруваат добивка.

„Зошто на загрозените граѓани повторно им се даваат само платежни картички од 6.000 денари, наместо да се вклучат во постојниот систем на социјална заштита и да добиваат поголема поддршка на подолг период? Зошто од 470 – те милиони евра, колку што е целиот пакет, за загрозените граѓани се само 27,6 милиони евра преку платежни картички, односно само 6%?“, вели Јовановиќ.

И денеска ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се расправаа околу четвртиот сет мерки. За опозицијата тој е исклучително лош, а за власта е директна помош на загрозените граѓани.

Извор: Алсат

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This