(Видео) ДЕСКОВСКА ЗАСРАМЕНА ПО ПРЕДАВАЊЕТО НА ТУПАНЧЕВСКИ: Министерката мораше да се правда пред професорот дека ќе бидат поправени забелешките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот по Кривично право, Никола Тупанчевски жестоко го критикуваше законот за јавно обвинителство кој го предлага власта, во кој најде грешка до грешка. Од номотехнички грешки до суштински грешки пронајде, Тупаченвски во законот кој го предлага министерката за правда Рената Дескоска.

Како прва нејаснотија во однос на СЈО тој ја посочи стварната надлежност, односно надлежноста врз предметите на СЈО. Според него не може обвинители од Основното јавно обвинителство, каква што е Фатиме Фетаи да постапуваат по однос на предмети на Обвинителството за организиран криминал и корупција, вели Тупанчевски.

 

-Ако е целта дека треба натаму да се продолжи со предметите на СЈО, не може вака. Не може да има повреда на стварната надлежност. Може јавен обвинител само кој што е обвинител Јавното обвинителство да води предмети. Како може обвинители од ОЈО да постапува по предмет во надлежност на организиран криминал. Мора да се пронајде решение кое ќе биде правно фундирано, вели Тупанчевски

Тој го спомена и правното мислење на Врховниот суд, кој ќе ги укине пресудите за предмети на СЈО за кои до 30 јуни 2017 година не било покренато обвинение како и што впрочем стои во Законот за СЈО.

Не може да се апстрахираме од правното мислење на Врховниот суд, Како може да се суспендира начелно правно мислење на Врховен суд. Тоа е обврзувачко за сите совети, ситуацијата е извесна однапред и ќе стигнете до Врховен и, прашува тој.

 

За време на неговото излагање реагираше и министерката Дескоска на која откако веројатно и падна незгодно што предложила ваков небулозен закон, посочи дека се согласува со професорот.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/180034883240058/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This