(Видео) Витанов: Власта не донесе ниту една инвестиција, Македонија никогаш не била позадолжена и тој долг ќе го враќаат граѓаните од свој џеб

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„За прв пат задолженоста на Република Македонија е 70%“, односно седум милијарди евра“, посочи Зоран Витанов во денешното издание на „Прашањето ми е следно“ на Инфомакс, нагласувајќи дека тоа е надворешен долг, а никој спомнува за задолженоста на државните институции.

„Ние должиме седум милијарди кон надвор. Знаете ли колку е долгот на јавните претпријатија на Република Македонија на локалната самоуправа? Знаете ли колку е долгот на државните институциии на Република Македонија. Збирно кога ќе собереме две милијарди, долг којшто државните институции должат, а не се бројат во тој долг кој сите ние го гледаме кон ММФ, кон меѓународните институции. Значи Македонија е многу позадолжена отколку што мислиме. И само да кажам немојте да мислите дека долгот ќе го плати некој друг, освен оној што има македонски пасош. Граѓаните на Република Македонија, кога гледаат за задолженоста вести се згрозуваат милион пати помалку отколу кога гледат дека нема направено канализација во некое село. Што исто така е срамота за 21 век. Ама ако се згрозуваме затоа што немаме канализација, милион пати повеќе треба да се згрозуваме од долгот.

Витанов појасни дека Македонија како земја е енергетски зависна, но и екстремно зависна од увоз на храна, поради што нето одливот од државта секогаш е драстично повисок од приливите, што заедно со задолженоста, ја доведува економијата во земјата во една состојба на бесперспективност.

„Република Македонија има монгу сериозен структурен проблем. Како систем, како фискален, монетарен, економски и финансиски ситем, а тоа е дефицитот кон меѓународната трговска размена. Република Македонија е енергетски зависна земја. Беше извозник на храна, сега е екстремен увозник на храна. Ако знаеме дека ние сме енергетски зависна и увозно зависна земја, нето одливот од државта секогаш е драстично повисок од приливите. И ако ги земеме тие два фактори, големата задолженост и големиот дефицит во меѓународната трговска размена, ние доаѓаме до сериозна бесперспективност како економија“, објано тој.

Без драстични промени во економските политики, и поставување на вистински критериуми и вредности, целиот овој долг ќе падне на грбот на граѓаните кои ќе мораат да го исплатат од свој џеб.

„И ако не се свртиме кон економијата, ако не се свртиме кон внатрешните ресурси, ако не се свртиме кон критериум на вредности во политиката и во економијата, ако не почнеме да поставуваме луѓе кои што креираат, а не што трошат вредности, ние колку сакаме можеме да зборуваме, на крај граѓаните ќе мора од џебот да го платат тоа што го должиме“, рече Витанов.

Витанов додаде дека власта за овие четири години не донела ниту една инвестиција во земјата, освен бизнисот со марихуаната, кој е дискутабилен во поглед на сликата што ја дава за земјата во светот.
„Македонија ја чека грчко сценарио со банкрот“, рече тој додавајќи дека е сѐ уште оптимист и се надева дека граѓаните на Република Македонија конечно ќе ја научи лекцијата која ја учи последните 330 години.

„Прашањето ми е следно“ со Зоран Витанов, 26.03.2021

„Прашањето ми е следно“ со Зоран Витанов, 26.03.2021

Posted by infomax.mk on Friday, March 26, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This