March 28, 2024, 10:33 am

(Видео) Власта намерно го одложува гласањето за петтиот пакет бидејќи нема пари во буџетот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, зборувајќи за денешните настани во Собранието, кога наместо да дозволи гласање за долгоочекуваниот и многу потребен пакет мерки за финансиска помош на граѓаните и стопанството, претседателот на Собранието Џафери предизвика сцена со викање, удирање по масата и заканување, изјави дека ова сценарио веројатно има за цел да го одложи гласањето бидејќи буџетот е празен и власта не може да го реализира петтот пакет.

„Имаш кворум или немаш кворум. Немаше кворум, требаше да ја затвори таа седница, да ја започне 36 седница која што ја закажа за после 18 часот. Отпочни ја седницата, тука беа пратениците од целата опозиција,ќе ги изгласавме овие пакет мерки и се ќе завршеше. Очигледно некој сака да направи некоја слика во државата или пак буџетот им е празен и немаат доволно средства за да ги исплатат парите коишто се во тој петиот пакет мерки за граѓаните и компаниите“, коментираше Мицевски.

Тој уште една апелираше дека се додека власта не почне да се однседува со почит со опозицијата, и да соработува со неа, ВМРО-ДПМНЕ нема да обезбедува кворум за работа.

„Рековме дека ова мнозинство со 52 пратеници е тенко, рековме дека е нефункционално такво собрание, не убедуваа дека ќе можат да функционираат. Ете на очиглед на македонската јавност, гледаме дека не функционира“, заврши Мицевски.

Изјавата на пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола МИцевски, мжете да ја проследите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This