(Видео) Влoжилe ce штo имaaт вo биткоин, сега им ce иcплaти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Диди Таихуту, неговата сопруга и трите ќерки, во 2017 година дале скоро сè што имаат за биткоин. Пред скоро четири години, ова семејство беше во фаза на ликвидација на имот.

Денес, се чини дека овој чекор се исплати за семејството Таихуту. За прв пат во историјата, Биткоин ја надмина бројката од 20 000 долари, а според последните податоци, вредноста на оваа паричка оди над 23 000, а семејството го прослави ова на нивниот канал на Јутјуб.

Ова семејство во моментов води авантуристички, номадски начин на живот, со оглед на тоа што со години биле без адреса и патувале. Сите нивни семејни заштеди се поврзани со оваа ризична криптовалута, а судејќи според податоците за нејзината вредност, семејството очигледно многу добро знае што прави.

„Централните банки и владите полека почнуваат да сфаќаат дека биткоинот е злато на 21 век“, рече Таихуту, цитиран од CNBS.

Таихуту се занимава со овој бизнис од 2010 година, кога валутата вредеше помалку од едно евро.

„Јас сум претприемач. Кога прв пат слушнав за биткоинот, реков: „Ајде да го пробаме“.

Како што објасни, тие влегле во светот на биткоинот затоа што сакале да ги променат своите животи.

Иако цената на оваа паричка беше едновремено многу ниска, тие и тогаш не се предадоа. Освен тоа, Диди дал сè што имал, затоа што вели дека секогаш бил убеден дека оваа криптовалута ќе оживее и ќе се опорави.

Како што понатаму изјави Таихуту, тој нема да биде изненаден ако биткоинот достигне вредност од дури 200.000 долари до 2022 година. Некои аналитичари се согласуваат дека оваа дигитална монета има уште многу простор за раст.

Биткоин, според некои проценки, може да вреди 60.000 долари до крајот на следната година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This