April 24, 2024, 11:43 pm

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара ДКСК да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку дена апелираме и говориме на една тема, а тоа е финансирањето на политичките партии во време на кампањата за предвремените парламентарни избори. А, истите тие неколку дена СДСМ и Коалицијата „Можеме“ ги игнорираат буквално овие прес конференции, оваа тема затоа што има сомнеж дека сето она што го говориме е вистинито, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес-конференција.

Денеска поднесовме претставка до Антикорупциската комисија, да отвори случај, да истражи на кој начин и како се финансирала СДСМ во кампањата за предвремените парламентарни избори, каде што немаат поднесено извештај за потрошени над 700.000 евра. Сума која што е прилично голема. Како што рековме на првата прес конференција над 200.000 евра имаат потрошено на закуп за рекламни паноа и билборди. Нормално билбордите беа јавно објавени пакетите, ждребање во ДИК итн, додаде Арсовски.

Партијата не ја сфаќа причината поради која, како што вели, СДСМ не се транспарентни кон јавноста.

И втората прес конференција каде што обзнанивме дека над 500.000 евра имаат потрошено за рекламирање на социјалните мрежи, Фејсбук, Инстаграм и останатите каде што можат да се рекламираат. Дневно има трошено над 27.000 евра како што реков во текот на кампањата над 500.000 евра, но немаат покритие за истите пари, потенцира Арсовски.
Тој апелира уште еднаш до Антикорупциската комисија да отвори случај, да ја сфати сериозно работата, бидејќи се работи за огромна сума на пари.

Сомнежот е и на граѓаните, и на јавноста, и на сите останати дека тие пари се финансирани од рекетирањето на бизнисмените кое што го правеше СДСМ, од Луј Витон торбата итн. Но, тоа е работа на институциите која што ќе треба да ја истражат и да ја сведат до самиот крај, додаде Арсовски.

Според него, СДСМ на овие избори изврши изборен грабеж, изборен поткуп, а тоа го преточи, освен надвор на терен, и во институциите како гласањето на Уредбата во Владата на пет минути пред завршување на вонредната состојба за двојно намалување на средствата за рекламирање и минутите на опозицијата, потоа и со непријавувањето на овие суми на пари, над 700 илјади евра. А ВМРО-ДПМНЕ очекува брза реакција од институциите.

Кога СДСМ не се транспарентни, игнорираат и молчат, очекуваме дека Антикорупциската комисија ќе отвори случај и ќе ја извади вистината на виделина. Во спротивно, ќе сметаме дека и тие се соучесници во целиот овој процес на СДСМ за нетранспарентност и прикривање на пари, односно финансирање од црни пари, заврши Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This