(Видео) ВМРО-ДПМНЕ Е ВО КОАЛИЦИЈА СО НАРОДОТ: Бидејќи народот е тој кој што ги носи промените во државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на населбата Сењак во Штип.

Пред присутните граѓани Мицкоски истакна благодарност за поддршката за кандидатот за претседател Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова и побара уште помасовна поддршка и запечатување на побeдaтa на Сиљановска Давкова во вториот круг на 5 мај.

Мицкоски посочи дека граѓаните на Република Македонија во вториот круг на претседателските избори 5 мај одлучуваат за сопствената иднина но и за иднината на државата во кој правец ќе се движи.

Претседателот Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со народот бидејќи народот е тој кој што ги носи промените во државата. Тој потенцираше дека со побeдa на Силјановска Давкова ќе се отвори можноста и за предремени парламентарни избори како и за тоа конечно Македонија да ја види како силна и стабилна држава.

-Заедно со народот ние стигнавме на првиот мегниг. Тој прв мегниг беше онаа голема победа во 47 општини во Република Македонија на 21 април. Браќа и сестри, добри луѓе нашиот втор мегниг е 5 мај сега во недела кога треба да покажеме и докажеме дека не само во 47 општини, туку ВМРО-ДПМНЕ заедно со новиот претседател, а Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова можеме да победиме во цела Македонија. Третиот мегниг ќе биде пoбeдaтa на предвремените парламентарните избори кога ќе ја формираме новата влада во Република Македонија. А четвртиот и за мене последен мегниг ќе биде тогаш кога ќе се разбудам едно утро и кога заедно со народот ќе кажеме сонот за Македонија онаа нашата цел која што си ја зацртавме кога започнавме да се бopиме стане јаве, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This