(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ПРАШУВА: Кој нареди сkандирање „северна“ и каков надомест добија извршителите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат кои се членовите на групата што скандираа „Северна, Северна”, кој им дал таква задача и дали тоа го правеле само заради едно капче, сендвич или го правеле за многу посериозен надомест, која е таа „северна” и колку ваквото сkандирање ја милува „жицата македонска” на Зоран Заев?

СДСМ е cpам за Македонија и Македонците. Заевиот СДСМ е cpам и за искрените и чесни членови на партијата, кои знаат дека Македонија е пред се и над се, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Патем, интересен е изборот на СДСМ да не го коментира случајот Рекет во кој што се длабоко заглавени а од целата прес конференција да реагираат само на одговори на новинарски прашања.

Но, во интерес на јавноста и на оваа манипулацијана СДСМ ќе одговориме, додаваат тие и велат дека СДСМ и Зоран Заев прославата на Илинден ја претворија во партиска прослава.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДСМ и Зоран Заев организирале илјадници полицајци и исто толку партиски послушници само за да не се сретнат со народот и да се чувствуваат комфорни на Мечкин Камен. СДСМ и Зоран Заев не само на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на претставниците на семејството Кареви и на другите илинденци од Крушево, не им овозможи соодветно да се поклонат пред спомен обележјата.

На крајот на краиштата СДСМ и Зоран Заев организираа прослава која беше cpaм за целата јавност во која што се фaлcификуваше историјата на Македонија и нејзината бopба за самостојност, додадоа тие.

Заев им мафташе, тие врескаа „Северна, Северна“

Заев им мафташе, тие врескаа „Северна, Северна“

Posted by infomax.mk on Friday, August 2, 2019

Партиска мизерија на „Мечкин Камен“

Партиска мизерија на „Мечкин Камен“

Posted by infomax.mk on Friday, August 2, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This