(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе биде cepиoзeн партнер на сите чинители на економијта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за пратеник во изборната единица 2 на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски сподели видео на својата фејсбук страница со кое им се обраќа на граѓаните на Република Македонија.

Драги сограѓани, ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 30 години е најпознато по проектите и мерките кои што ги презема за засилување на македонската економија и зголемување на животниот стандард на граѓаните.

За да го продолжиме тој континуитет во Проектот за Обнова на Македонија имаме предвидено многу мерки и проекти за да ја постигнеме таа цел односно за да ја зголемиме македонската економија и да го подобриме стандардот на граѓаните кои живеат во Република Македонија.

Покрај многуте проекти и мерки кои што се во сферата на економијата, ВМРО-ДПМНЕ има поттикнато и предвидено помош за македонските компании кои што се извозно ориентирани како и креирање на нов концепт за привлекување на странски директни инвестиции во Република Македонија, нешто кое за што во изминатите години бевме лидер и на Балканот, а скоро и во Европа.

ВМРО-ДПМНЕ ќе биде сериозен партнер на сите чинители во економијата со цел да го подобри животниот стандард на граѓаните во Република Македонија. Бизнисмените, оние кои што работат во малите и средните бизниси и оние коишто работат во приватниот сектор како и оние кои што се заинтересирани да вложуваат и инвестираат во Република Македонија, во ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат сериозен партнер.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува во Проектот за Обнова на Македонија да биде најголем сојузник и да работи најмногу, да креира многу проекти и мерки токму ради тие компании и токму на тие луѓе коишто треба да креираат работни места и да ги зголемуваат платите и надоместоците на работниците во Република Македонија.

Ќе продолжиме да работиме уште понапорно и да креираме уште повеќе за македонските граѓани да живеат подостоинтвено и побогато.

Видео линкот може да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This