(Видео+фото) Водата однесе се пред себе: Стpaшни поплави во Шпанија, блokирани патиштата и прekинат железничкиот сообраќај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обилните дождови денеска опустошија неколку делови на Шпанија, предизвикувајќи големи поплави во некои градови, затворајќи некои патиштата и прекинувајќи го железничкиот сообраќај, додека илјадници луѓе останаа без електрична енергија.

Невремето, кое се засили поради високите температури и влажноста, особено го погоди крајбрежниот град Алканарин на североисток од Каталонија, објави Ројтерс.

Некои улици се претворија во река, а надојдената вода носеше автомобили, мебел и дрвја кон брегот.

Екипите на брзата помош спасија десетици луѓе заробени во возила, куќи и кампови, а спортската арена во градот е ставена на располагање за засолниште доколку е потребно, велат официјалните лица.

Невремето не одзеде ниту еден живот, само две лица беа лекувани од блага хипотермија.

Околу 7.000 куќи останаа без електрична енергија, додека сообраќајот на неколку патишта, железницата беше во прекин.

Интензивни врнежи и поплави беа забележани и во централните региони Кастиља-Ла Манча и Навара, поради што беше прекината врската на брзите железнички пруги меѓу шпанската престолнина Мадрид и Толедо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This