March 29, 2024, 12:04 pm

(Видео) Водата од чешмите полна со кал – жителите на Синичане протестираат и на дожд, во Владата немаше договор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во куќите во Синичане, наместо вода, од чешмите тече кал. Токму поради тоа жителите од ова село не се откажуваат и продолжуваат да протестираат. Ниту обилните врежи дожд не ги спречи да се повлечат од местото каде беа прекинати работните активности за изградба на водоводна мрежа.

„Иако продолжува да врне, ние ќе продолжиме да протестираме. Сакаме само вода“, вели жител.

Првиот човек на Боговиње, Аљбон Џемаили по вторпат се сретна со техничкиот премиер, Оливер Спасовски, во обид да изнајдат решение за водоводот во Синичане. Сепак, и денешната средба не вроди со плод.

„Никаква дилема нема околу барањата на жителите, едноставно разговарано е да почнат со работа или да не почнат. Прашав неколку пати кога ќе продолжи…Премиерот бара да седне уште еднаш со министрите, да дискутираат како владин кабинет и ќе ме известат мене и ќе добиеме одговор. Јас повторно инсистирам дека моите жители станаа без вода за пиење и треба што поскоро да се реши оваа ситуација“, истакна Аљбон Џемаили.

Џемаили вели дека Спасовски му побарал проект за водоводот што според него е неприфатливо бидејќи оваа работа бара време, а проблемот не може да се одолговлекува.

„Се бара проект во ваква алармантна ситуација, во време на пандемија. Проектот ќе трае, треба итно решение на проблемот, се надеваме дека овие денови ќе имаме позитивен одговор“, посочи Аљбон Џемаили.

Во врска со кривична пријава која ја покрена СВР Тетово, градоначалникот на Боговиње вели дека ова се случува бидејќи тој сака да ги снабди граѓаните со вода и да се надмине проблемот. Проблемот со водата за пиење во Синичане трае со децении, велат жителите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This