(Видео) Вознемиpyвачки снимки: Пykaње во Англија, има и зaгинaти, полицијата пpедупредува граѓанитe да останат дома

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва во англискиот град Плимут се случи сериозен инцидент, јавуваат британските медиуми. Сведоци изјавиле дека слушнале истрели и виделе загинати.

Плимут Xералд јавува дека над градот се видени три хеликоптери на брза помош, а на улиците многу медицински возила и уште повеќе полициски.

Според првичните информации, застрелани се пет лица, но сè уште не се знае дали се убиени или ранети.

Како што дознава Скај њуз, во пукањето се убиени повеќе лица, а убиен е и напаѓач. На Твитер за инцидентот се огласи парламентарниот претставник на лабуристите од тој град, Лук Полард.

Многу загрижувачки вести доаѓаат од Плимут. Останете дома и слушајте ја полицијата.

На Твитер се огласи и Џони Мерсел, уште еден парламентарец од Плимут.

Свесен сум за сериозниот и трагичен инцидент кој се одвива во Плимут. Ги молам сите да ги почитуваат наредбите на полицијата и да не објавуваат гласини или шпекулации по социјалните мрежи, напиша.

Би-би-си наведува дека полицијата ги замолила граѓаните да останат во своите домови.

На Твитер за инцидентот се огласи и министерката за внатрешни работи Прити Пател.

Инцидентот е шокантен, моите мисли се со оние погодени од оваа трагедија. Разговарав со директорот на полицијата и му понудив помош. Апелирам до сите да останат мирни, да ги следат советите на полицијата и да им овозможат на итните служби да си ја завршат работата, напиша Пател.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This