(Видео) Во Берлин бил постигнат договор со Бугарија: Николоски обвинува за нетранспарентност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во своето гостување во емисијата 360 на телевизија Алсат, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски открива дека во Берлин помеѓу македонската и бугарската страна бил постигнат договор кој требало да го деблокира ингетгративниот процес за Македонија. На прашање на Инфомакс, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски открива дека за таквиот договор опозицијата не била известена и ја обвини власта дека намерно ја бојкотирала Комисијата за надворешни работи во Собранието која имала за цел да се изградат македонските црвени линии по однос на ова прашање.

-Јас не знам затоа што власта реши ништо да не споделува со опозицијата, знаете дека на Комисијата за надворешни работи во Собранието направивме обид да Македонија исто како Бугарија изгради национална позиција против бугарските условувања, СДСМ и ДУИ не дојдоа на истата комисија и не можевме да ја нправиме таа декалрација како одговор на бугарските условувања. Заев и Пендаровски ништо не споделуваат со ВМРО-ДПМНЕ, така што јас би го повикал Пендаровски да излезе во јавност и да каже што е договарано во Берлин, вели Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This