(Видео) Во живо: Инфомакс од вечерва на терен го следи изборниот процес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Редакцијата на Инфомакс, од вечерва, со повеќе мобилни екипи на терен ќе го следи изборниот процес. Екипи ќе има секаде каде што изборниот процес ќе биде нарушен со било какви незаконски дејствија.

„Ако некој мислеше дела смс пораките, вибер групите, разните закани, јавувања по телефони, кривични пријави, прекршочни пријави, повикување на службени разговори, напади, пцовки, и не знам какви се начини да не одвратат од нашата мисија, навистина ќе не одвратат, тогаш, се зезнале. Од вечерва, екипата на Инфомакс тргнува на терен и повторно ќе го следи избрниот процес на територијата на целата Република Македонија онаму каде што ќе се одвива вториот круг. Сакам да ви кажам дека ние тргнуваме на терен во оние места каде што ќе има втор изборен круг“, порача уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

Сите извештаи ќе можете да ги гледате во живо на фан страната на Инфомакс. Екипата на Инфомакс прво ќе ја посети Битола, каде ќе останат до сабота.

Инфомакс следеше неправилности и за време на првиот круг од локалните избори, кога беа затекнати низа прекршувања на изборниот процес и изборниот молк.

Секоја информација која ја имате за евентуален изборен поткуп или манипулација со изборната волја, прекршување на процесот на избори, пријавете ја кај нас на нашата фејсбук страница, iNFOMAX.MK

„Ние сме тука да го заштитиме вашето демократско право, вашата демократска волја, излезете масовно бидејќи излегувањето на избори се ваше право и обврска“, порача Митовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This