(Видео) Во живо: Pakeтиран Тел Авив, пpekинат воздушниот сообраќај, ечат сирени за тpeвога

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судирот меѓу израелската армија и Хамас кулминираше вечерва со ракетни напади врз израелскиот главен град Тел Авив, што ги исполни заканите на Хамас, кој предупредуваше со ракети ако продолжат нападите врз Газа. Ракетирањето врз Газа продолжија и по ракетирањето на Тел Авив, кое во моментов ги санира последиците.

Сите летови на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив се прекинати поради ракетен напад од Појасот Газа, соопштија властите. На веб страната flightradar24.com, се забележува како авион кој тргнал од Франција кон Тел Авив, се враќа назад.

Палестинската група Хамас соопшти дека истрелала 130 ракети кон Тел Авив.

Во Тел Авив се слушаат сирени за тревога. Проектил погоди зграда во предградие на Тел Авив, јавија локални медиуми.

Жена загина во близина на Тел Авив во ракетниот напад на Хамас, соопшти израелската полиција.

Станбена зграда од 13 ката се урна во Појасот Газа по воздушниот напад на Израел во која била канцеларија на политичкото раководство на исламистичката група Хамас, што управува со Појасот Газа.

Израелските воени власти денеска испратија 80 воени авиони да ја бомбардираат палестинската енклава и да натрупаат тенкови долж границата, откако израелските градови беа ракетирани втор ден по ред.

Властите во Газа се уште немаат пријавено повредени или загинати. Палестинец е убиен, а друг е ранет денеска од израелската војска во северниот дел на Западниот брег, изјави палестински извор. Тој рече дека и двајцата биле палестински разузнавачи.

Конфликтот започна во понеделникот, кога Хамас истрела ракети кон Израел среде прославата на Денот на Ерусалим, откако стотици Палестинци беа повредени во судирите со израелските безбедносни сили во Стариот град.

Израел возврати со оган, што доведе до натамошна размена на оган, која продолжи и денес.

Израел денес ги засили воздушните напади врз Газа, но ракетите ги погодија израелските градови втор ден по ред.

Израелските медиуми јавуваат дека околу 630 ракети биле испукани од правецот на Газа кон Израел. Според извештаите на израелската страна, биле пресретнати 90% од проектилите што оделе кон населените места.

Најмалку 28 Палестинци и двајца Израелци се убиени во заострениот конфликт досега.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This