(Видео) Во Турција пронајден храм стар 25 века, посветен на грчката божица Афродита

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Остатоците од храмот стар 2500 години посветен на грчката божица на Љубовта Афродита се пронајдени во Турција, на полуостровот Фонтана Урла во регионот Измир, западна Турција.

Тим турски археолози, предводен од Елиф Копарал, пронашле дел од статуата на која е прикажана жена, како и женска глава од теракота во храм кој датира од V век пред нашата ера, објави турски Хуријет.

Копарал рече дека ова укажува на тоа дека станува збор за храм посветен на Афродита и докажува дека нејзиниот култ бил широко распространет во областа.

Исто така, во близина на храмот бил откриен натпис на кој пишува „Ова е свето подрачје“.

Афродита била античка грчка божица на љубовта и плодноста, но и на убавината. Античкиот грчки поет Хесиод напишал дека е родена од морска пена што се создала кога Хрон, водачот на првата генерација на Титан, за време на бунт против неговиот татко, богот Уран, му ги отсекол гениталиите и ги фрлил во морето.

Според постарата легенда, пренесена од Хомер, Афродита е ќерка на врховниот бог Зевс и Диона. Античкиот грчки математичар Аполодор изјавил дека Диона е ќерка на Уран, па Афродита, според толкувањето на Хомер, би била внука на исконскиот бог на небото Уран, кој со Гаја, божицата на земјата, бил татко на повеќето богови на олимпискиот божествен Пантеон.

Патем, локацијата на фонтаната Урла е многу археолошки богата, а Елиф Копарал наведува дека таа била дел од јонската цивилизација. На површина од 1.600 квадратни километри, откриени се 35 праисториски населби, од кои 16 се од неолитскиот период, изјави турскиот археолог.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This