March 29, 2024, 12:01 am

(Видео) Вучиќ: Предлогот на ЕУ е понижyвање за Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати по седницата на Советот за национална безбедност. На седницата се разгледа актуелната ситуација и се договораа мерките што Србија ќе ги преземе, а за кои Вучиќ нагласи дека ќе бидат економски и политички, но пред се економски.

Тој, исто така, ја повика меѓународната заедница да ја разубеди Приштина, така што Србија нема да мора да спроведе никакви мерки. Вучиќ им порача на Србите од Косово и Метохија, да не станат жртви на провокациите на Приштина.

Тој рече дека вчера добил предлог од ЕУ за решавање на ситуацијата на премините Јариње и Брњак, но дека тој предлог го одбил.

„Го одбив предлогот зошто тоа не е компромис и ја уназадува Србија. Донесовме заклучоци, Србија ќе продолжи да инсистира на зачувување на мирот и целосната безбедност за Србите во Косово и Метохија. Изјавите во кои тие не изедначуваат и велат дека двете земји се виновни се несоодветни”, рече тој.

Вучиќ истакна дека проблемот ќе се реши некако, но не со понижувачки предлози кон Србија.

Запрашан да ја коментира изјавата на вицепремиерот на Косово, Бесник Бесљими, кој рече дека Приштина нема да формира Унија на српски општини се додека се смета дека е штетна за институциите и територијалниот интегритет на Косово. Вучиќ рече дека Бесљими е клучен човек заедно со Курти.

Тој ја праша ЕУ дали воопшто постои бриселскиот договор.

„Само чекам да го слушнам тоа од ЕУ, бидејќи тие се гаранти на бриселскиот договор. И ние го испративме тоа прашање до ЕУ, зошто да дојдеме во Брисел ако не можете да гарантирате и ако тој договор не може да се спроведе“додаде Вучиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This