April 25, 2024, 11:42 am

(видео) ВOЗОТ ИЗЛETA ОД ШИНИ: Ништо од Европска Македонија, Димитров вели ни избегал возот за ЕУ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да се потсетиме на предрефрендумската кампања за промена на името под мотото ,,Излези за Европска Македониј” која ја водеше власта, предводена од СДСМ и ДУИ. Да се потсетиме дека целата кампања имаше пропагандни постери со придобивките од влезот на Северна во НАТО, но клучен дел од кампањата беа придобивките од наводниот влез во Европската Унија. На плакатите се ветуваше дека ако гласате за Северна ќе се качи животниот стандард, платите, ќе се подобри состојбата во земјоделието, ќе се реши проблемот со загадувањето, ќе се зголеми квалитетот на вакцините и што ли уште не.

Во текот на вчерашниот ден Инфомакс ја проследи безмалку скандалозната изјава на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој истакна дека тешко дека Македонија ќе влезе во ЕУ поради тоа што ни избегал возот кој оди кон Европската Унија.

-Пропуштивме неколку возови за Европа. И додека бевме во чекалната, регионот и ЕУ се сменија, а се смени и начинот на кој се примаат нови членки. Веќе нема волја за проширување. Поминаа деновите на обединување на Европа, изјави Димитров.

Димитров активно учестуваше во кампањата за Европска Македонија. Тој при посетата на Штип истакна дека иако партиите во земјава не се согласуваат за многу работи и се поделени, сепак 70 до 80 отсто од нив и голем дел од јавноста смета дека нашата иднина е во НАТО и Европската унија. Иако сега говори дека сме го пропуштиле возот за ЕУ за време на кампањата тој велеше дека со промената на името Македонија ќе се постави на шините кон ЕУ и НАТО. Очигледно го стори тоа за што беше донесен и заборави на вовчињата.

Власта уште еднаш ги излажа граѓаните и покажа што беше основната премиса на промената на името, членството во НАТО. Членството во НАТО не поради безбедноста која е нарушена во регионот туку поради геостратешките интереси на западните држави. Македонија го промени името за туѓу бели дворови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This