(Видео) Вyлкaнcкaтa epyпциja ги oпycтoши Kaнapcкитe Ocтpoви – ce зaкaнyвa oпacнocт од тokcични иcпapyвaњa и цyнaми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ерупцијата на вулканот во Ла Палма на Канарските Острови уништи 185 згради, од кои 65 приватни куќи и уништи земјоделско земјиште, што предизвика голема штета на економијата на островот.

Вулканската лава зафати околу 400 хектари земја на која годишно се произведуваат 20 милиони килограми банани, односно 20 проценти од вкупното производство на банани, пренесува Ла Вангардија.

Општините Ел Пасо и Лос Ланос де Аридан беа најпогодени.

Покрај материјалната штета, постои голема опасност за животната средина, пред се поради токсичните гасови, но и од свлечишта и цунами, пренесува Ел Паис.

Досега се евакуирани повеќе од 6.000 жители, од кои многумина ги загубија своите домови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This