April 19, 2024, 11:59 pm

(Видео) Геге Демировски: Ова нe ce издpжyвa пoвeќe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Народната партија на Ромите и претседателот Геге Демировски повикаа на масовни протести во Ѓорче Петров поради изградба на ѕид во ромското маало во населбата.

– „Се работи за ромскиот народ во Република Македонија, поточно од Скопје, Ѓорче Петров. Ова не се издржува повеќе. Денека во Ѓорче Петров ќе се организира протест. Ги повикувам сите Роми од Скопје да ги поддржат Ромите во Ѓорче Петров во 18:00 часот на улица „Геров“ кај ромите што живеат после мостот. Апелирам до секој Ром од Скопје, да дојде во 18 часот со својата фамилија“.

– „Секој еден Ром е должен да дојде затоа што не се држат до зборот. Ѕид во Ѓорче Петров, висок три метри.. Јас Геге Демировски тоа нема да го дозволам. Го повикувам лично премиерот на Македонија, да му се обрати на својот член и градоначалник Александар Наумовски“. – коментира Геге Демировски во видеото на социјалните мрежи.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This