April 25, 2024, 10:19 am

(Видео) Голем човек: Путин со солзи во очите на погpeбот на еден од своите најблиски соработници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин му оддаде почит на неговиот трагично загинат министер Евгениј Зиничев. Фотографиите на скршениот Путин над ковчегот на неговиот соработник го обиколија светот.

За Путин, Зиничев беше повеќе од соработник, иако официјално беше министер за вонредни ситуации. Тој некое време беше и личен телохранител на Путин.

Медиумите пренесуваат дека Путин двапати се поклонил над ковчегот на својот починат пријател. Тој дојде на погребот со букет црвени рози и седна до семејството Зиничев.

Зиничев трагично настрада во средата за време на вежбите на министерството со кое раководеше. Стоеше на работ од бездната, кога камерманот се лизна и падна. Зиничев веднаш скокнал од карпата во обид да го спаси човекот од вода, но тој удрил во камен и се здобил со тешки повреди.

Двајцата беа хоспитализирани, но Зиничев им подлегна на повредите за време на транспортот со хеликоптер.

Зиничев, кој важеше за човек на Путин, е роден во 1966 година во Санкт Петербург. Долги години беше припадник на армијата и служеше во Северната флота на руската морнарица.

Тој се приклучи на советската служба за безбедност КГБ во 1987 година, и по големите промени во земјата, ја продолжи својата кариера во ФСБ, Федералната служба за безбедност. Зиничев, исто така, ја извршуваше одговорната функција на заменик -шеф на ФСБ, познатата руска служба за борба против тероризмот.

Видеото погледнете го тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This