(Видео) ГОРАН БРЕГОВИЌ ВО „ЕДЕН НА ЕДЕН “: „Сум свирел од Карнеги хол и Операта во Сиднеј до грчки крчми и свадби на руски тајкуни“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во едно часовното интервју со Жарко Димитриоски, светскиот музичар зборува за неговата музика, патувањата, животот пред и после војната, неговите почетоци во работата во југословенски стриптиз бар.

„На 17 имав видено повеќе гoли жени отколку сите мои врсници заеднo“, се шегува тој.

Брега зборува и за семејството, љубовта кон боксот, животот, музиката…

„Сум свирел од Карнеги хол и Операта во Сиднеј до грчки крчми и свадби на руски тајкуни, вели легендарниот Горан Бреговиќ во новата епизода на шоуто „Еден на Еден“.

„Ретко кој музичар имал среќа како мене“, вели Брега.


Како специјално изненадување за Бреговиќ, екипата на „Еден на Еден“ ги доведе и маестралните Агушеви, како и Васка Јанковска, која беше одбрана помеѓу 200. кандидати да ја испее „Едерлези“ во филмот „Дом за бесење“ на Кустурица.

Сѐ на сѐ, во недела нѐ очекува одлична вечер со единствениот Брега.
Не ја пропуштајте „Еден на Еден“ во недела од 18:30 часот на „Канал 5“ телевизија“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This