(Видео) Готвач виновeн за пожapoт во кој изгopea неколку луксузни јахти во Хрватска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера во хрватското пристаниште Каштела избувнал огромен пожар, во кој изгореле пет бродови, а 18 од нив биле оштетени од пожар.

Едно лице е полесно повредено, а штетата, со оглед на тоа што станува збор за луксузни бродови, е огромна, пренесува Кликс.ба.

Точната причина за пожарот, како и последиците сè уште не се утврдени, имајќи предвид дека на некои места бродовите гореле и денес, но претпоставката е дека сè започнало од еден брод на кој готвачот правел ручек.

Директорката на ова пристаниште, Ивона Смољиќ, рече дека според информациите што ги имаат, причината за пожарот е човечки фактор. Сè започнало од бродот на кој бил готвачот, и кој за среќа успеал да избега без последици. Екипажот се обидел да го изгаси пожарот самостојно, но без успех.

Бидејќи биле запалени јажињата со кои бил закотвен бродот, тој пловел по морето и со тоа запалил други бродови на повеќе локации.

Судски експерт од Хрватска проценува дека е направена штета од неколку милиони евра, со оглед дека станува збор за јахти од 25 метри. Меѓу запалените јахти, едната била во сопственост на белградскиот претприемач Милан Поповиќ, поранешниот љубовен партнер на Северина Којиќ.

Покрај материјалната штета на бродовите, тука е и прашањето за последиците врз животната средина со оглед на количината на штетни материи што со оган стигнале до морето. Имајќи предвид дека на секој чекор извира нафта, започнало со инсталација на морски брани, а очевидците велат дека може да се почувствува смрдеа од нафта и изгорена пластика.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This