(Видео) Гоце Делчев не е причина за пpoтecти на „Левица“, рече Апасиев, додавајќи дека ќе делуваат како конструктивна oпoзициja во парламент

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту покачувањето на цената на струјата, ниту трговијата со македонската историја, односно со Гоце Делчев не е причина за Левица да излезе на улиците. Ова го соопшти денеска претседателот на Левица, професорот Димитар Апасиев во изјава за медиуми откако беше повикан да даде исказ во Основното јавно обвинителство поради негови Фејсбук статуси во кои според обвинителството има говор на омраза.

На прашање на Инфомакс, дали Левица ќе се приклучи на протестите во организација на најголмета опозициска партија, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски отворено ги повика сите опозициски партии и опозициски настроени граѓани да се приклучат на протестите, професорот Апасиев одговори дека за протести во моментов немало потреба.

На потпрашање дали можеби Левица ќе организира протести, Апасиев потенцираше дека сега за сега партијата ќе делува од собраниските клупи

-Ние имаме тековни координации, ние имаме за вечер закажано Президиум, не ни е тоа тема на дневен ред, не дошло до нас како идеја. Сега за сега немаме став. Сега за сега немаме тригер за што би организирале. Сеа протест, заради протест не е наша политика. Во моментов ние не гледаме причина. Мислиме дека во оваа позиција, позицијата на Левица е делување преку парламентот и нудење на законски решенија. Кога ќе оцениме дека има основа и тригер за протест, ќе протестираме. Ние сме учени да протестираме, меѓутоа сега ниту имаме таква некоја покана добиено, ниту ни е ставено на дневен ред да го разгледаме меѓутоа можеби наши членови учествуваат на тие протести. Сега за сега не гледаме основ, причина, да уествуваме, тоа си се протести на ВМРО и јас ги поддржувам, како  опозиција имаат право да протестираат, моментумот, можеби тука се разидуваме,  вели Апасиев.

 

https://www.facebook.com/298619206927603/videos/2723876631205322

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This