Купувачите во најголемиот шопинг центар во Загреб, Арена биле изненадени од полициска акција за апсење осомничен баран за изнуда.
Шестмина вооружени полициски специјалци, со облечени панцири и маски на лицата, го уапсиле осомничениот во молот, па морале да го носат низ објектот, пред очите на стотици присутни граѓани, а сево ова е забележано на снимки кои купувачите ги направиле со своите мобилни телефони:
Неофицијално, станува збор за кривично дело изнуда. Мажот паднал во полициска стапица, тој бил уапсен при примопредавањето на обележаните пари.
Но, повеќе детали засега не се познати.