March 28, 2024, 10:03 am

(видео) ГРУЕВСКИ ВИ КАЖА: Главната цел е промената на името и идентитетот на државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс премиерот, Никола Груевски кој во моментов се наоѓа во Унгарија каде доби азил, за време на кампањата за предвремените избори во 2016 година како и во неколку наврати во минатото го предупредуваше македонскиот народ за сценариото кое му се припрема. Сценариото за кое говореше Груевски е сценариото за промена на името и идентитетот на државата кое пред неполни 2 дена го доживеа своето крешендо со изгласувањето на уставните измени за Репбулика Северна Македонија.

-Клучното заради кое е започната операцијата е промената на името. Затоа што процениле дека на поинаков начин не може да се случи. И од она што сум информиран оваа операција се води во четири фази. Првата фаза е создавање на криза и дестабилизација на државата. Второ компромитација на иституциите и компромитација на власта. Трето промена на власта и носење на нова и четвтро реализација на зацтраните цели, изјави тогаш Груевски.

-Како што имам во повеќе наврати кажано се има своја цена и своја граница. Граница која што не смее да се помине бидејќи правејќи една позитивна работа може да се направи друга штета на другата страна; Ситуацијата е таква што Грција е со намера да стави вето, доколку не ја прифатиме незјината уцена, а ние не можеме да прифатиме уцена на таков начин како што Грција сака да го направиме, вели Груевски.

Во друго обраќање пред локалните избори 2017 година Груевски вели дека СДСМ е донесено на власт поради шест причини од кои прва е промената на уставното име на државата и идентитетот на македонскиот народ. Втората точка вели тој е  Договорот со Бугарија. Трета е двојазичноста на територија на цела Македонија. Четврта точка се мигрантите, петта точка се зголемените даноци, а шеста легализација на геј браковите.

За крај ќе ве потсетиме на изјавата на Груевски која најдобро ја прокажува сервилноста на СДСМ  кон таканаречениот меѓуанароден фактор и неверувањето во капацитетите на сопствениот народ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This