(Видео) Груевски го праша 3aeв: Знаеш ли зошто ти ги дадоа „бomбите“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Bo eкот на „бомбардирањето“ на македонската јавност со лепени, сечени и монтирани материјали спакувани во „Вистината за Македонија“ протече една од клучните снимки за она што и претсоеше на државата по превзимањеот на власта од страна на Зоран Заев.

Се работи за снимката направена во кабинетот на екс премиерот Никола Груевкси, снимка која им долови повеќе доволно на сите оние кои што сакаа да слушнат и да разберат што прави Зоран Заев.

Наместо снимките да почне да ги објавува во целост во моментот кога му се дадени за да се дознае „вистината“ и наводните кривични дела сторени од функционери на власта на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев тој го уценуваше Никола Груевски оставка, свесен дека нема никогаш да го порази на регуларни избори и без власт.

Но она што беше најиндикативно за тоа што ни следи е прашањето кое до ден денес одѕвонува во македонската јавност, а е поврзано со причината поради која му се дадени прислушуваните материјали на Зоран Заев.

Зоран Заев: Знам од каде е, знам за која потреба е снимано. Не можам јас сам себе да се снимам

Никола Груевски: Ти викаш дека не си ти, туку дека ти ги дале. Странци ти ги дале?

Зоран Заев: Така е.

Никола Груевски: Странците може поради разни цели и мотиви да ти ги дале, така? Или некој од нив да снимал? Така? Знаеш дека постои 

Зоран Заев: Така е.

По 3 години, променето име, двојазичност, Договор со Бугарија и инсистирање на откажување од македонската историја, јазик, култура и идентитет, повеќе од очигледно е дека Зоран Заев е донесен за „уши“ на власт поради зачудувачката способност за виткање и неговата флексибилна кичма.

Погледнете го говорот на тело на Зоран Заев и начинот на кој што со понизност Зоран Заев разговара со Никола Груевски!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This