(Видео) Грчки бoрбeни авиони над македонското небо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утрово над небото на македонскиот главен град повторно прелетаа грчките „F-16 fighting Falcon“.

На 2 април лани, при посетата на Скопје на тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас и министрите од неговата Влада, меѓу потпишаните билатерални договори беше и оној меѓу министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и тогашниот министер за национална одбрана на Грција, Евангелос Апостолакис.

Тие потпишаа нов сеопфатен Договор за соработка во одбраната, 20 години по потпишувањето на првиот од овој тип, а во него се наведени областите на соработка од взаемен интерес – стратешкиот дијалог, одбранбената политика и доктрини, развој на одбранбените способности, одбранбеното планирање, логистиката, воената медицина, военото образование итн.

„General Dynamics F-16 Fighting Falcon“ е едномоторено повеќенаменски борбен авион, првично развиен од General Dynamics за воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави (USAF).

Дизајниран како дневен ловец за надмоќ на воздухот, тој еволуираше во успешен повеќенаменски авион за сите временски услови. Над 4.600 авиони се произведени откако производството беше одобрено во 1976 година. Иако повеќе не се купува од американското воено воздухопловство, се произведуваат подобрени верзии за клиентите за извоз.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This