April 23, 2024, 11:32 am

(Видео) Гepмaнcкaтa амбacaдорка во Maкедонија пpoговоре албaнcки – Ja зaпeчaти двojaзична Maкедонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од половина дипломатски кор во Република Македонија вчера присуствуваше на пречекот на 24 илјади дози од вакцината на АстраЗенека во Македонија.

Меѓу нив се најде и амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн.

Главната порака која Холштајн сакаше да ја испрати ја кажа на македонски јазик, дека и е мило што конечно пристигнаа првите дози вакцина преку Ковакс системот во Македонија, но би посакувала истите да пристигнеа три месеци порано.

Она што ја шокираше македонската јавност е фактот што германската амбасадорка проговоре албански со што во најмала рака го прекрши дипломатскиот бон-тон имајќи во предвид дека колку што сите знаеме официјален јазик во Македонија се уште е само македонскиот јазик.

Претходно тоа го стори и шведската амбасадорка во Македонија Кристин Форшгрен Бенгтсон која на колега новинар му се заблагодари на македонски и на албански.

https://twitter.com/HibridMK/status/1369389782028148737

Дали можеби ова е некаква порака за официјалнизирање на албанскиот јазик во Македонија и востоличување на бинационалната држава?!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This