(Видео) Гoстивaрските дoктoри алapмиpaат: Ова не е брaн, ова е цyнaми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова не е бран, ова е цунами – состојбата со коронавирусот сериозна и во Гостивар, алармираат здравствените работници. Градот велат, го живее најлошиот период од почетокот на пандемијата. Болничките капацитети се полни, речиси сите хоспитализирани се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка.

И во овој регион процентот на смртност е висок, вели доктор Наумовски. Една од главните причини е што заразените почнуваат да се лечат дома, па откако ќе им се влоши состојбата доаѓаат на лекар, но, веќе е доцна.

После Скопје, состојбата со вирусот е најлоша во тетовско-гостиварскиот регион. Здравствените работници сметаат дека овде се потребни поригорозни мерки,па дури и карантин, за да се смири динамиката на ширење на заразата. Но, надлежните засега, не гледаат потреба за вакви мерки.

Болниците во Тетово и Гостивар се полни, персоналот мобилизиран и преморен работи со последни сили, но, Министерот иако не кажува конкретно дали и како помагаат, тврди дека состојбата била под контрола.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This