(Видео) Дали Македонија конечно ќе се paзбуди: Голем пpoтест најавен во сабота пред Собрание

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Светскиот собир за слобода“ се враќа повторно, посилнo и поорганизирано од кога било досега!

Во сабота на 18 септември 2021 година (кај нас од 17ч. пред Собрание на РМ!), луѓето во повеќе земји ширум светот ќе излезат на улиците во одбрана на своите основни човекови права.

Нема да дозволиме нашите неотуѓиви човекови права да бидат препакувани како „човекови привилегии“ и да бидат условени од нашата (не)послушност кон авторитаризмот.

Човештвото низ историјата е тестирано во тешки периоди повеќе пати, но на крајот слободата секогаш победувала.

Се залагаме за правата на сите луѓе да се спротивстават на прекршувањата на нивните слободи едноставно со тоа што ќе ни се приклучат во сабота!

Застануваме силно позади 5 важни слободи:

-Слобода на говор.
-Слобода на движење.
-Слобода на избор.
-Слобода на собирање.
-Слобода на здравје.

Се залагаме за 5 важни цели:

– Спречување на задолжителна вakцинaциja и принуда;
– Спречување на дискриминацијата од секаков вид врз основа на вакциналниот статус;
– Крај на сите вонредни/кризни/итни мерки донесени вон процедура.

Ги повикуваме сите опоненти на рестриктивните политики на нивните влади, да учествуваат на овој протест во светски рамки.

Можеме да го надминеме широко распространетиот страв од социјално неодобрување преку градење на нови врски и познанства со луѓе со кои сме усогласени, како и преку помагање на луѓето да најдат нови заедници во кои ќе бидат дел.

Ќе им посакаме добредојде на оние кои се подготвени да се премислат и признаат дека не биле во право околу нивната, предизвикана од страв, поддршка на тиранските политики.

Ќе се спротивставиме на широко распространетата пропаганда преку продуцирање на наши содржини и медиуми и преку унапредување на нашиот сопствен наратив, наместо да подлегнуваме на оној што ни го наметнуваат.

Нема да ја прифатиме ненормалната политизација на науката и медицината и ќе ги вратиме овие институции да бидат неутрални извори на информации во корист на општеството, наспроти владините и корпоративните интереси.

Ги гледаме процесите што се користат за постепено одземање на слободите на луѓето, оставајќи ги рестрикциите во сила после секој круг на заклучувања, и ние ќе продолжиме да им се спротивставуваме.

Гледаме дека Kopoнaвиpycoт брзо станува нова „религија на стравот“ на која се повикуваат за да ја оправдаат тиранијата, користејќи ги истите репресивни механизми на државна контрола врз облекувањето, јазикот и социјалните интеракции што се користеа историски во минатите теократски режими.

Ние ќе се спротивставиме на оваа религија на страв, со нашата порака за слобода.

Во сабота, 18 септември, 2021 година, сите повторно ќе демонстрираме за нашите фундаментални човекови права, за нашите уставно заштитени права, и за крај на претераните Kopoнaвиpyc рестриктивни мерки.

Затоа сега ќе станеме. Во еден ден. Сите заедно!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This