April 19, 2024, 10:20 am

(Видeo) Двe гoдини од пpoмената на имeтo: Maкедонија „невecта ocтавена пpeд олтapoт“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со 81 глас „за“ пред точно две години пратениците ги усвоија четирите амандмани предложени од Владата кои беа предвидени во Договорот со Грција а со кои името на државата се менува во „Република Северна Македонија“. Одлуката со која амандманите 33, 34, 35 и 36 стануваат дел од Уставот го доби истот број на гласови, 81 ист број како и при отворањето на Уставот. На крајот со двотретинско мнозинство е усвоен и Уставниот закон со кој се регулира и државјанството како „македонско / граѓанин на Република Северна Македонија“.

„Потврдуваме дека државјанството е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, при тоа прифатен е амандман на Уставниот закон со кој се потврдува државјанството македонско/граѓанин на Република Северна Македонија и се појаснува како ќе гласи за граѓаните Албанци на албански јазик, и ќе се утврди во сите закони каде што е тоа потребно“, стоеше во соопштение на Владата.

Во графата за државјанство, наместо истото, стојат коси црти, како што може да се види и од фотографијата.

Државјанството беше предмет на спогодба во договорот со Грција, каде се споменува како ќе биде дефинирано тоа во патните исправи.

„Државјанството на Втората страна ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи“, пишува во членот 1, став 3 од Преспанскиот договор.

На денот на усвојувањето на устанвните измени високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан испратија соопштение во кое покрај честитиките нагласија и дека ова е клучен чекор во спроведувањето на историскиот договор од Преспа и за напредокт на патот кон ЕУ.

“Политичките лидери и граѓаните ја покажаа својата решеност да ја искористат оваа уникатна и историска можност во решавањето на еден од најстарите спорови во регионот и решително да напредуваат на патот на Европската унија. ЕУ силно го поддржува овој договор кој создава пример за помирување за регионот и за Европа како целина“, се наведува во соопштението на Могерини и Хан кој пак се обрати и со лична порака до македонските граѓани и македонската влада.

Но од напредувањето кон Европската Унија по две години гледаме дека нема ништо. Минатата година пречка за членството на Македонија во ЕУ беше Емануел Макрон и Франција која не одобри отпочнување на преговорите со ЕУ во 2019 година. И покрај најавата на Зоран Заев дека со промената на името Македонија „ја мажиме за богата фамилија во 2020-та година Бугарија го блокираше нашето членство во ЕУ.

„Замислете ја мажите својата ќерка во богата фамилија, но имате приговор дека ќе и бил сменет идентитетот, односно ќе и било додадено уште едно име. Не е тоа промена, повторно е тоа истата ќерка…“ рече премиерот Заев во своето излагање во Собранието, во текот на расправата околу уставните измени.

https://www.facebook.com/zoran.risteski.754/videos/10215053239237140/?t=0

На 28 јануари само неколку недели по промената на името, Зоран Заев изјави дека Македонија нема проблеми повеќе со соседите, а вратата кон ЕУ ни е ширум отворена.

-Нема веќе спорови со соседите, време е за просперитет и економија! Да ја донесеме Европа во Македонија.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/285012115520846

Изминатата година целата македонска јавност можеше да се увери дека споровите со соседите се далеку од решени, откако Бугарија го блокираше почетокот на преговорите со ЕУ испорачувајќи и на Македонија анекс од 12 точки кои задираат во македонскиот национален идентите.

Македонија наместо невеста со променето име омажена за богата фамилија две години подоцна остана невеста која чека пред олтарот, две години по Северна ние се уште сме далеку од членство во Европска Унија како што и впрочем ги наведуваше граѓаните референдумското прашање „Дали сте за члентво во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This