(Видео) ДВЕ ЕКИПИ НА БPЗА ПOMОШ ПРИСТИГНАА ВО KPИВИЧЕН: “Peкет” изјави по првото poчиште, што се случува со Боки?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две екипи на брзата помош пристигнаа во Кривичниот суд во Скопје, неофицијално причината за тоа е здравствената состојба на Боки 13-ка.  Јовановски на почетокот на судењето се пожали на влошена здравствена состојба, а контрадикторни се и мислењата на лекарите. Затворскиот лекар проценил дека Боки 13 не е во добра здравствена состојба, додека според Русковска лекар во болницата 8-ми септември посочил дека тој нема проблеми со здравјето.

Иако првото рочиште беше закажано да започне во 10.00 часот утринава, пред судот Бојан Јовановски-Боки 13 се појави со задоцнување од 45 минути. Неговата здравствена состојба како и што може да се види од фотографиите е лоша, тој вели дека не ја прима потребната терапија, 10-тина пати повраќал само изутринава. Според затворскиот лекар тој не е во состојба да го следи судењето, но тој сепак се појави на сопствено инсистирање за да не изгледа како тој го блокира процесот.


-Здравствената состојба, дијагнозата која што ми ја дијагностицираа од 8 септември, јас немам добиено терапија за таа нова дијагноза која што ми е најдена, состојбата не ми е добра и тешко од сабајле ви велам, може 10 пати повраќав. Едноставно во затворскиот доктор само констатираше дека не сум во состојбата да го следам судењето. Јас инсистирав да дојдам за да докажам дека не сакам да го блокирам судскиот процес. Инаку не сум во свесна и рационална состојба. Ниту да ги образложам воведните зборови, вели Боки 13.

Русковска пак смета дека Боки 13 е во добра здравствена состојба и сака само да се одолговлечи постпаката.

-Лекарите во болницата 8 септември утврдиле дека тој е во добра здравствена состојба, јас сум сигурна дека е така. Ниту еден доктор не би си ја ризикувал кариерата, ниту лиценцата за работа, доколку не стои позади она кое што го навел потпишал и сметам дека само сакаат да се одолговлечи постпката, вели Русковска.

Да потсетиме дека Катица Јанева веќе се наоѓа во домашен притвор, а прв кој што замина дома беше Зоран Милевски- Кичеец. Двајцата други обвинети заминаа во домашен притвор поради здравствени причини иако според она што можеше да се забележи во судницата се во далеку подобра состојба од Боки 13. Зошто Јовановски е единствениот кој останува да лежи во Шутка, дали можеби некому му одговара човекот кој знае најмногу да не го дочека крајот на судењето. Да не заборавиме дека и на пратеничката од редовите на СДСМ Фросина Ташевска Ременски и беше доделен само домашен притвор.

 

Колку за потсетување, српски медиум објавува ексклузивни детали за случајот „Рекет“, каде осомничени се Зоки Кичеец и Боки 13.

Како што наведуваат, Боки 13 во полиција изјавил „Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка“.

„Ако ме обесите и тоа го претставите како самоубиство или пак ме ако ме тепате, мачеле, со убаво ви кажувам за да не биде дека не сте знаеле, никој нема да биде поштеден“, се заканил Бојан Јовановски алијас Боки 13, пишуваше српскиот Курир.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/812099149224927/

ПРЕВЗЕМАЊЕТО НА ОВИЕ ФОТОГРАФИИ ЗНАЧИ ДЕКА СТЕ СОГЛАСНИ ДА ПЛАТИТЕ ФАКТУРА ОД 90 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This