(Видео) ДВЕ ПИЛИ ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ: Шилегов не им простува на дрвјата зад ОУ „Блаже Конески“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сечата на дрвја во Скопје не престанува и покрај загадениот воздух и се помалиот број на зелени површини. Иако Аеродром е една од најзагадените општини, сепак не им „простија“ на дрвјата позади Основното училиште „Блаже Конески“ кое се наоѓа во населбата Мичурин.

Од видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се види како со две пили се сечат дрвјата позади училиштето.

Ова не е прв случај во кој се сечат дрвја во близина на училиште. Претходно се сечеа дрвја во дворот на средното техничко училиште „Михајло Пупин“ кое се наоѓа во општина Гази Баба,а исто такс се сечеше и кај средното стручно училиште АСУЦ „Боро Петрушевски“

Во ситуација кога воздухот станува се позагаден се уништува зеленилото баш околу училиштата каде денот го поминуваат најмладите.

Извор: Вечер

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This