(Видео) Девојка добила епилептичен напад откако и ставиле дрога во пијалокот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сакајќи да ја алармира јавноста и да укаже на опасноста со која се соочуваат младите, особено децата кои сè уште немаат искуство со ноќните излегувања, мајка на една тинејџерка сподели видео, на кое е забележана состојбата во која ја нашла својата ќерка кога била примена во болница поради дрога што некој и’ ја ставил во пијачката.

Мили Таплин уживала во ноќниот клуб „Му Му“ во Есекс, за време на своето прво излегување откако станала полнолетна, кога непознат маж со кого почнала разговар и’ понудил пијалак, наводно велејќи „пробај го ова“ и и’ ја подал чашата, вели нејзината мајка, а пренесува “Унилад”.

Мили го прифатила пијалакот, се напила неколку голтки, но не и’ се допаднал зашто бил исклучително јак. За неколку минути и’ се слошило и им рекла на пријателите дека е дрогирана.

Знаела дека не се чувствува пијано, но дека нешто друго не е во ред. И се слошило, повеќе не гледала ништо, ниту можела да оди – објаснува Клер, мајката на Мили.

– Знаев дека не сум добро, се обидував да зборувам, но цело време само пелтечев и мрморев – рече Мили и додаде дека изгубила контрола над рацете.

Друштвото на Мили со кое излегла таа вечер, веднаш ја повикало нејзината постара сестра, која со брза помош ја однела во болница во саботата, на 31 јули, додека Клер, која веднаш побрзала во болницата, видела сцена која ја споделила на Фејсбук.

На видеото се гледа како Мили не може да зборува ниту да оди, а таа лежи со стиснати тупаници, неспретно се обидува да ја крене главата.

– Ја гледав и се прашував што и дале, бидејќи никогаш не сум видела нешто слично во животот. Прстите íи’ стоеја како канџи, беше апсолутно ужасно, како да беше опседната – опишува Клер.

Лекарите веруваат дека Мили испила два вида на дрога – едната што ја парализира, а другата што треба да ја зашемети.

Како причина за објавување на шокантното видео, мајката објасни дека сака да апелира до сите девојки да бидат внимателни и дека „ако спаси барем една девојка, таа ќе смета дека успеала во својата мисија“.

Состојбата на Мили била непроменета три до четири часа, пред следното утро да излезе од болница. Тинејџерката не се чувствувала најдобро во текот на целиот ден, но закрепнала.

Инцидентот бил пријавен во полицијата на Есекс, како и во ноќниот клуб, кој на Мили и’ понуди дополнителна заштита доколку некогаш повторно посака да оди таму.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This