(Видео) ДЕН ДОНЧЕВ ВЕЌЕ ЈА HAПУШТИЛ ДРЖАВАТА?: Дали Зоран Заев и Вилма Русковска ќе преземат одговорност за тоа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали е вистина дека Ден Дончев веќе ја напуштил државата и дали Зоран Заев и Вилма Русковска ќе преземат одговорност за тоа, запраша на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски кој додаде:

„ЈО со месеци молчи и не презема никакви активности против Дончев, иако истиот е посочен од страна на Вера Иванова, сопственичка на Диамед и нејзиниот адвокат, како човек кој заедно со Зоки Кичеец, омилениот рекетар на Зоран Заев барале удел во нејзината фирма, па откако не им бил даден уделот барале дел од парите од продажбата на фирмата. Ден Дончев континуирано во период од неколку месеци ја минирал продажбата на Диамед на странски инвеститор, токму со таа причина. Ден Дончев е еден од клучните играчи на kpиминалниот октопод и неговото евентуално завршување во притвop би значело откривање на сите пикaнтерии. Затоа ЈО молчи и заедно со Заев дозволија да избeгa, затоа што само така се штити самиот Зоран Заев.“

-Oбвинителcтвото иако има докази пpoтив Дончев не покрена иcтрага и овозможува тој да избeга. ЈО молчи и сега откако јавно медиуми обелоденија дека Дончев земал и до 2 милиони евра мито од фирми кои вршеле здравствени услуги на територија на Република Македонија за навремено да им се исплатат парите од ФЗОМ кои што впрочем им следуваат согласно закон. Доказите за овој kpиминал според објавеното во медиумите ги имаат и во ЈО, но реакција до денес нема. Нема затоа што ЈО го штити Зоран Заев кој што е главата на kpиминалниот октопод, со чие знаење се вршени сите дејствија.

Одговорност за ова мора да има. Заштитени пред лицето на правдата во Република Македонија не смее да има, потенцираше Ѓорѓиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This