(Видео) Дипломатски инцидент: Дендиас и Чавушоглу се иckapaа на заедничката прес конференција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министрите за надворешни работи на Турција и Грција отворено се судрија на заедничката прес-конференција во Анкара, која започна со надеж за подобрување на односите, но продолжи со остри обвинувања од обете страни.

Барајќи начин за ублажување на тензиите околу територијалните спорови на истокот на Средоземното море, грчкиот министер Никос Дендиас се состана со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на првиот состанок на официјални лица од двете земји откако нивните воени морнарици минатата година речиси се судрија.

Сепак, на почетокот срдечната атмосфера на конференцијата стана непријатна кога Дендиас рече дека ќе одговори на повредата на грчкиот суверенитет со санкции, а Чавушоглу ги отфрли неговите коментари како неприфатливи.

„Дојдовте тука и се обидувате да ја обвинете Турција дека испраќа порака до вашата земја. За мене тоа е неприфатливо“, возврати Чавушоглу.

Двете земји се сојузници во НАТО, но размислуваат поинаку за други работи, како што се обемот на медитеранското крајбрежје, воздушниот простор, изворите на енергија, етнички поделениот Кипар и статусот на некои острови во Егејското Море.

Тензиите се зголемија минатото лето, кога Турција испрати брод за дупчење во спорните води во Медитеранот, но делумно се намали кога Анкара го повлече бродот и земјите по петгодишен застој ,ги продолжија билатералните разговори за спорните прашања.

Разговорите започнаа со понуда на грчка помош за аспирациите на Турција за влез во Европската унија и нова програма за ресетирање на односите, но Дендиас ја обвини Турција дека повторно испраќа авиони над грчката територија.

“Позицијата на Грција е јасна. Турција ги прекрши меѓународното право и поморското право во Егејското Море и источниот Медитеранот”, рече Дендиас. Чавушоглу го отфрли обвинението, велејќи дека Турција не го нарушила грчкиот суверенитет со своите истражувања и подводно дупчење и ја обвини Атина дека ги турка мигрантите назад во Егејското Море.

“Кога ќе влеземе во меѓусебни обвинувања, имаме многу да си кажеме едни на други. Ако сакате да ги продолжите овие кавги, тензии, можете, и ние ќе продолжиме исто”, додаде тој.

Но, обете страни изјавија дека сакаат да продолжат со напорите за решавање на нивните разлики преку дијалог.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This