(Видео) Додека граѓаните не можат крај со крај да врзат, фризерници добиваат грантови од 270 000 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ бара да се отвори постапка за случајот со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмус+“ во кој беше откриено дека на една фризерница ѝ биле доделени 270.000 евра. Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, станува збор за класична злoyпотреба на институциите.

„Јавното oбвинитeлство за организиран kpиминал до сега требаше да биде влезено во агенцијата со која раководи Лидија Димова и да има отворено иcтрага. Но, тоа нема да се случи доколку не се изврши јавен притиcoк, бидејќи со тоа Јавно oбвинитeлство командуваат Русковска и Зоран Заев“, рече Арсовски. Додека граѓаните не можат крај со крај да врзат, додаде тој, гледаме дека функционерите во СДСМ си делат европски пари за едукација, образование, млади и спорт, на фризерници кои немаат врска со темата на проектот со кој што аплицирале.

„Во сите други земји вакви како што видовме за овој проекти добиваат угледни школи, училишта и универзитети, додека пак во Македонија вакви проекти добиваат берберници и фризерници, иако условот за добивање на грант е правниот субјект да дејствува во областа на проектот. Затоа и на ова дереџе ни е дојдено образованието во Република Македонија. Лидија Димова, директорката од СДСМ, исплатила европски пари 270.000 евра во рок од 3 години преку неколку грантови на фризерски салон или берберница со две столчиња, сеедно, каде што една од темите на грантот за оваа година била фризерницата да едуцира за медиумска писменост во дигиталното опкружување. Неверојатно“, кажа Арсовски.

Имено, додаде тој, за лицето Зоран Златковски кој е сопственик на фризерницата се знае дека бил обучувач на наставници во агенцијата со која раководи Лидија Димова и познато е дека близок нејзин пријател од порано од граѓанскиот и партискиот активизам на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This