(Видео) Додека се славела титулата на Фламенго: Полицaeц го пpeгазил својот колега

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неверојатни, но и немили сцени се случија на улиците во Рио де Жанеиро, откако фудбалскиот клуб Фламенго прво стана јужноамерикански шампион, а потоа и национален шампион за само 24 часа.

Повеќе од милион луѓе излегоа да го прослават чудото во Лима, Перу, каде во финалето на Копа Либертадорес, нивниот омилен клуб губеше од аргентински Ривер Плејт од 1-0 до 89 минута, а потоа за само две минути го сврте резултатот за победа од 2-1.

И тогаш пристигна друга вест, дека нивниот единствен ривал за титулата во бразилскиот шампионат, екипата на Палмарас, загуби од четвртопласираниот Гремио, па на четири кола пред крај на првенството никој не може да го надмине лидерот Фламенго кој има 81 бод (Сантос и Палмеирас имаат на 68, Гремио 59). Токму поради тоа на улиците започна двојна прослава.

Сепак, по неколку часови општо уживање, во кое учествуваа и млади и стари, па и цели семејства, дојде до судир меѓу најекстремните приврзаници на новиот јужноамерикански шампион и полицијата кој резултираше со неколку повредени лица, па дури и едно полицаец кој беше сличајно прегазен од неговите колеги.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This