(Видео) ДОЛЖНИЧКО POПCTBO: Земјава ќе се задолжи за 420 милиони долари кај Светска Банка за 4 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата ќе се задолжи за 420 милиони долари кај Светска банка во следните 4 години. Стратегијата за партнерство до 2023-та година предвидува заеми кои ќе се враќаат со камата од околу 1%. Министерот за финансии Драган Тевдовски, потврдува дека овие кредити ќе влијаат врз зголемувањето на јавниот долг, но не знае за колку.

Со 420 милиони долари ќе се градат локални патишта, , ќе се подобрува финансирањето на малите и средни претпријатија, ќе се модернизира земјиоделството, ќе се унапредува дигитализацијата и иновативноста. Особено внимание ќе се обрне на подобрување на конкурентноста на бизнисите, образованието за најмладите и енергетската ефикасност.

Инаку Владата во најновата среднорочна фискална стратегија предвиде сегашниот јавен долг од 5,24 милијарди евра кој зафаќа 46,2% од БДП до крајот на годинава да достигне 51,7% од БДП до крајот на годинава. Догодина тој ќе изнесува 52,3% од БДП, а потоа би требало да се намали на 50,8% од БДП во 2021 година, односно на 49,1% од БДП во 2022 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This