(Видео) ДО СРЕДАТА НАШАТА ВЛАДА Е MPTВА: Ако нема датум неделава Заев се повлекува?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако советот на министри на земјите членки на ЕУ не постигна едногласна одлука за датум за Северна Македонија и Албанија, премиерот Заев од Виена изјави дека се уште има надеж за позитивна одлука од Европскиот совет. Во спротивно, вели тој владата во Скопје ќе биде мртва!

Доколку овој четврток и петок одлуката биде НЕ или доколку има ново одложување, во среда нашата влада ќе биде мртва, зборувам јавно за ова!, рече Заев.

Со зборовите “Владата ќе биде мртва“ Премиерот подразбира губење на парламентарното мнозинство во Собранието кое гласаше за менување на името на државата и Уставот со ветување и надеж дека ЕУ ќе даде датум за старт на преговорите.

Проблемот сега за сега е во барањето на Франција за реформи и нова методологија, но според Заев, тоа може да се направи и доколку земјите кандидати добијат датум.

Реформите може да се прават паралелно одржувајќи мотивација и во земјите кандидати бидејќи без тие мотивации, национализмот, популизмот, радикализмот повторно ќе се вратат, изјави Заев на дискусија на Институтот Ренер во Австрија од каде од Виена се упати кон Брисел каде ќе ја дочека конечната одлука на ЕУ за тоа дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This