March 29, 2024, 12:14 pm

( Видео) ДРАМА НА НЕБОТО НАД АМЕРИКА: Експлозија на мотор на боинг во лет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Благодарение на присебноста и умешноста на пилотот, избегната е трагедија на летот од Њу Орлеанс до Орландо, кога на боингот му експлодирал моторот на среде лет. Во моментот на силната експлозија во леталото имало 99 патници и пет членови на екипажот.

let-panika
Пилотот на авиокомпанијата „Саутвест ерлајнс“ бил принуден да изврши вонредно слетување на Флорида, а при инцидентот немало повредени.
-Одеднаш се слушна страшна експлозија. Делови од моторот почнаа да паѓаат. Беше ужасно. Гледавме од прозорец како се распаѓа моторот, рекол еден од преплашените патници.

Другите патници наведуваат дека авионот почнал да паѓа веднаш по експлозијата и дека во авионот се слушнал врисок на преплашените патници. Набрзо дошло и до пад на притисокот во патничкиот дел, поради што патниците морале да ги стават маските за кислород.

-Пилотот на летото 3472 од Њу Орлеанс до Орландо бил принуден поради механички дефект да го пренасочи авионот на аеродромот Пенсакола. Во инцидентот немало повредени, соопштуваат од авиокомпанијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This