(Видео) Дурловски за Попов: Cлyшнeте внимaтeлно, нема аплayз, има мopници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Слушнете внимателно, Столе Попов до Балчак… Нема аплауз, има морници! – напиша на Фејсбук, Игор Дурловски, по повод реакцијата на говорот на сценаристот и режисерот Столе Попов при превземањето на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на 41-то издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.

Попов во своето обраќање, кога го прими признанието, рече дека за македонскиот јазик не смее да се разговара, а камо ли да се преговара.

Нема ништо посвето од јазикот, културата и духовноста на човекот во средината во која живее. Една порака до политичарите – да не забораваат на фундаменталните вредности на светската цивилизација, кои се почесто се занемаруваат и се губат. Треба да имаат на ум дека со сила убавина нема – рече режисерот.

Додаде дека му е драго што наградата од Друштвото на филмските уметници на Македонија, како што вели, го задржала генеричкото име и уште еднаш порача дека за македонскиот јазик воопшто не смее да се разговара.

Мислам дека е време да исчезнат било какви комбинации околу некои бришења, негации, кои водат до тоа да исчезнат придавките кои никогаш не биле предмет на разговор, а камо ли на прифаќање – додаде Попов.

Забележително беше дека режисерот Попов не доби аплауз од присутната политика за овие моќни патриотски пораки во говорот.

Слушнете внимателно,Столе Попов до Балчак… Нема аплауз, има морници!

Posted by Igor Durlovski on Saturday, September 19, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This