(Видео) Д-р. Стојановски: За прв пат во политичката историја на Република Македонија ќе бидеме во ситуација да имаме избори во услови на пандемија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секогаш е чест и задоволство да се присуствува на една ваква средба, каде каде што практично имаме средба со здраствените работници изборна единица 1. Многу познати лица, дел од нив мои професори, дел од нив мои студенти, и особено многу драго ми е што со нас е носителот, предводникот во изборната единица 2 од листата на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за пратеник исто така мој многу добар пријател, драг другар и кандидат кој што го предводи општинскиот комитет во Бутел, рече во своето обраќање на средбата со здравствените работници во Бутел д-р. Синиша Стојановски.

-Она што е специфика на овие избори, е она што за прв пат во политичката историја на Република Македонија ќе бидеме во ситуација да имаме избори, кога се уште светската пандемија со коронавирусот не е ставена под контрола. Меѓутоа, ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект на некаков начин по силно инсистирање на политичките опоненти прифати да излези на овие избори, затоа што ние како политичка партија од самиот старт нагласивме дека не се повлекуваме од изборите но на прво место ни беше заштита на здравјето на гласачите и граѓаните, и тоа ќе биде така и сега, затоа што овие протоколи кои што ќе се донесат за време на текот на траењето на целата изборна кампања и на самиот ден на избори ќе имаме специфики поразлични од оние кои што сме ги имале порано, истакна доктор Стојановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This