(Видео) Дoceгa нajтeшки yдapи вpз Гaзa: Уштe тpи згpaди cpaмнeти co зeмja, yништeни тyнeли дoлги 15 килoмeтpи, 42 лицa ги зaгyбиja живoтитe..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израелските возудшни сили рано утрово извршија серија масовно воздушни напади на неколку локации во градот Газа, само неколку часа откако премиерот Бенјамин Нетанјаху, четврта војна со Хамас.

Утринава 10-минутниот напад беше насочен кон цело во поширокиот појас Газа, акцијата на израелските воздухопловни сили траеше подолго од вчера, најсмртоносната досега во која беа убиени 42 палестинци, според извештајот на АП.

Видео линк може да погледнете ТУКА.

Израелската армија соопшти дека нападите биле извршени на места за кои се сомнева дека се резиденцијата на девет команданти на Хамас низ цела Газа, но засега нема податоци за бројот на жртвите и материјалната штета.

Видео линк може да погледнете ТУКА.

Командата на израелските вооружени сили потврди дека израелските воздушни сили рано утрово извршија низа воздушни напади на неколку локации во градот Газа и дека по тој повод беа уништени тунели од 15 километри што ги користеа палестинските единици на Хамас, како и домовите на девет команданти на Хамас.

Жителите на Газа потврдија дека биле разбудени од детонации во раните утрински часови, наведувајќи дека бомбардирањето утрово беше најжестоко откако избувна конфликтот пред една недела.

Објава на Твитер може да погледнете ТУКА.

Локалните медиуми објавија дека главните крајбрежни патишта во западните делови на градот, зградите на безбедносните служби, утрово биле мета на израелски ракети и бомби, а локалната дистрибуција на електричната енергија објави дека далекуводот од единствената центрана што снабдува, повеќето од јужните делови беа оштетени на градот Газа.

Видео линк може да погледнете ТУКА.

Во вчерашното ТВ обраќање до нацијата, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјахѕ најави продолжување на воздушните напади „со полна сила, до ново известување, бидејќи Израел има намера да му наплати на Хамас висока цена“, а исто така доби поддршка и од неговиот политички ривал, израелскиот министер за одбрана Бени Ганц.

Чкеновите на Хамас исто така продолжија да ракетираат населени места во Израел, лансирајќи ракети од станбени области на Газа.

Во вчерашните воздушни напади на израелските воздушни сили врз станбени објекти, цели семејства загинаа во урнатините, а прашина, стакло и делови од згради ги покрија градските улици во Газа.

Палестински извори од Газа синоќа изјавија дека бројот на убиени цивили по еднонеделен судир со Израел достигна 197, а меѓу нив има 58 малолетни лица и 34 жени.

Повеќе од 250 ранети граѓани на Газа се евакуирани во Египет за лекување и заздравување на повредените, потврдија палестинските медицински официјални лица, објави претходно ерусалимскиот дневен весник „Тајмс оф Израел“.

Спред официјалните податоци, во вчерашните израелски напади биле убиени вкупно 42 лица, објави Ројтерс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This