April 23, 2024, 11:12 pm

(Видео) Дpама во Општина Аеродром: Во петок градоначалникот не оди на работа?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Златко Марин, градоначалникот на Општина Аеродром во Скопје, плаќа 300 евра за едно метро дрвена даска! Не кубик, не столб – едно метро, дрвена даска, 10 на 10 сантиметри, за Златко Марин треба да чини 300 евра, oбвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на изјава за медиумите пред општина Аеродром минатата недела.

По изнесувањето на ваквите скандалозни податоци од страна на Стоилковски експресно реагираше градоначалникот на општината Златко Марин кој ја обвини најголемата опозициска партија за ширење дезинформации за работата на Општината и на градоначалникот.

Тој повеќе пати обвини за ширење лажни вести за на крајот од својот пост на Фејсбук да ги повика Наум Стоилковски и претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром Дејан Митевскии да дојдат во просториите на општината и да извршат увид во документацијата.

-Лично ги повикувам од почетокот до крајот на следната работна седмица да дојдат во просториите на Општина Аеродром и да извршат увид во целата документација за набавките и реализацијата на проектите што ги посочуваат, како што се оние за тревата, за дрвените столбови и слични набавки за кои упорно тврдат дека не се законски и транспарентно спроведени. Стоилковски и Митески ќе можат да ги разгледаат документите за спроведените набавки и реализацијата на сите проекти за кои тврдат дека според нив се „криминални“, напиша Марин.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук напиша дека поканата од Марин била прифатена, но кога го побарале градоначаланикот тој не бил на своето работно место.

-Поканата од Златко Марин ,во којашто не повикува со Дејан Митески да ни објаснел за тендерите со 300 евра за метро даска, 800 евра за лед сијалица и 150 евра за метро цевка.

Отворена покана пред шест дена, вели од понеделник до петок кога сакаме.
Ама не кажува кога тој оди на работа, или дали во петок работи.

Марин, ние дојдовме, пишува денес Стоилковски.

Утринава екипата на Инфомакс ги затекна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски и претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митевски пред Општина Аеродром. Тие се обидоа да побараат прием кај градоначалникот и да добијат увид во документацијата на општината, но не го најдоа Златко Марин на своето работно место.

Погледнете:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This