(Видео) Дpaма во американскиот Сенат по тешko прашање за Блинкен: Кој има право да го „гacи“ Бајден?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно од прашањата кое излезе за време на сослушувањето на американскиот државен секретар Ентони Блинкен пред Сенатот, е да објасни кој го контролира копчето за гасење на микрофонот на Бајден за време на јавните настапи.

Последен ваков инцидент се случи пред некој ден во Ајдахо, кога директниот пренос од една средба во која учествува Бајден е нагло прекинат сред реченица кога американскиот претседател почнува да трокира со своите прашања.

„Сите сме го виделе ова. Последен пат го видовме вчера. Некој во Белата куќа има овластување да притисне копче и да го запре претседателот, да го прекине говорот на претседателот. Која е оваа личност?“ е прашањето од републиканскиот сенатор Џејмс Рич до Блинкен.

Државниот секретар отфрли дека постои кој било човек што го прекинува претседателот, и дека тој „многу јасно и многу промислено зборува за себе“.

Сослушувањето беше свикано за да се утврди одговорноста за хаотичното повлекување на САД од Авганистан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This