March 28, 2024, 10:10 pm

(Видео) Дpaма во Шутка намepно го удриле со автомобил – Потоа го пpeтeпале со бeзбол пaлкa и му го демолиpaa новото Ауди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска драма се случуваше доцна синоќа во населбата Шуто Оризари во близина на полициската станица откако неколку лицаа вооружени со безбол палки намерно предизвикале сообраќајна несреќа и демолираа ново Ауди.

Имено околу 23 часот пред полноќ неколку лица намерно се забиле во автомобил на гастербајтер од Германија во Шутка кој управувал со автомобил марка Ауди за да го сопрат автомобилот. Потоа група од 10-тина до 15 лица физички го нападнале возачот на автомобилот и неговиот сопатник близок роднина.

Напаѓачите откако физички ги нападнале патниците од Аудиот со безбол палки дополнително го демолирале удреното возило, а сето тоа го пренесувале во живо на социјалната мрежа Фејсбук.

Имено напаѓачите како што се гледа на видеото извадија безбол палки и удрија по автомобилот на другиот учесник во несреќата. Физичкиот напад и демолирањето на автомобилот дознаваме дека траело повеќе од 20-тина минути.

На крајот од видеото кое се шири на социјалните мрежи се слуша дека пристигнува полицијата, а присутните се даваат во бегство.

Од наши извори дознаваме дека се работи за група блиска до актуелниот градоначалник на Шуто Оризари од редовите на СДСМ, Курто Дудуш.

Да не заборавиме дека екс градоначланикот на скопската општина Шуто Орузари, кој воедно беше и кандидат за истата функција на минатите локални избори, Елвис Бајрам беа крвнички претепани со метални и дрвени прачки од група насилници.

Амди Бајрам кој почина неодамна тогаш ги обвини СДСМ, пратеникот Курто Дудуш и Неждет Мустафа дека биле нарачатели на нападот врз неговиот син.

Инфомакс дознава дека во моментов сторителите се наоѓаат во полициската станица Пролече каде ја поминале ноќта, а во тек е и кривична постапка која многу веројатно ќе заврши со притвор на сторителите.

Инсталирајте Телеграм најбебедната апликација за комуникација на која нема цензура и следете ги најновите и ексклузивни содржини на Инфомакс на следниот линк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This