(Видео) „ЕВЕ КАКО СЕ ОТКУПУВААТ ПРАСКИТЕ“: Земјоделците paзочарани од власта повторно ги фрлaa праските

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Производителите на праски повторно разочарани и измамени од власта предводена од Зоран Заев кој ветуваше се и сешто за земјоделците во Македонија.

Тажна слика денеска се случува во Неготино каде илјадници килограми праски беа истурени во знак на револт кон власта и Министерството за земјоделство кое заборава да ги исполни нивните ветувања пред земјоделците.

-Еве како кај нас во Росоман се откупува праската, велат производителите на праски кои револтирано денеска ги истураа незадоволни од цената за нивниот откуп.

Ова не е прв ваков протест на земјоделците, тие инаку претходно исто така протестираа за цената по која се продаваат праските, а таа изнесува смешни 40 денари за гајба од 10 килограми.

Откако производителите на праски неодамна протестираа со истурање на родот во знак на револт поради незаинтересираноста од страна на Министерството за земјоделство, Заев го смете поранешниот министер за земјоделие Љупчо Николовски, но сепак со „метлата“ само и замачка очи на јавноста, бидејќи ново назначениот министер Трајан Димковски е „копија“ на Николовски.

Димковски инаку е поранешен шеф на кабинетот на Љупчо Николовски и неодамнешен раководител на овој ресор што е доказ дека земјоделците од ден на ден се повеќе тонат и се во загуба.

Инаку неодамна на социјалните мрежи се појавија и фотографии од еден супер маркет во Македонија каде праските се продаваат по цена од 65 денари за килограм.

-Зошто земјоделците ги фрлаат праските по улица? Зарем не се задоволни со цена од 65 денари? Ааа во еден македонски супер маркет праските се носат од Грција, а нашите одат по реки и ливади бидејќи се 1 денар килограм. Народот е*ан, на државата така и одговара, стои во постот на социјалните мрежи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This